Дел Потро по поразот: Тешко ми е, не ми се зборува за тенис

од Vlatko K

Хуан Мартин Дел Потро стигна до своето второ финале на Гренд слем турнир и покажа добра игра, но загуби во три сета од Новак Ѓоковиќ синоќа.

„Ова е мојот омилен турнир, цели девет години работев за да се вратам повторно во финалето тука. Тешко ми е, не ми се зборува за тенис. Иако ми е тешко, јас се радувам за мојот пријател Новак Ѓоковиќ, тој е одличен тенисер и го заслужува успехот“, изјави Аргентинецот.

„Секогаш ми било пријатно да ги гледам неговите натпревари и како игра тенис. Тоа останува моето омилено место и сакам да им кажам на сите дека ве сакам искрено“, изјави Дел Потро.

Слични содржини