Делегации положија цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, претседателот на градскиот Совет, Љубица Јанчева и секретарот на Градот, Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите што денеска положија цвеќе пред споменикот на ослободителите на Град Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михаило Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел, соопштија денеска од Град Скопје, цвеќиња положија и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Игор Вељаноски, Бојан Ивановиќ и Јелена Жугиќ, како и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје, делегации на Град Скопје, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, од Собранието на Република Северна Македонија, делегација од Владата, од Министерството за одбрана, од Генералштаб на АРМ, како и делегации од Општините на Град Скопје, од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје, делегација на Црвен крст на град Скопје и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.

Одбележување на „Денот на ослободување на Скопје“

Фото: Борче Поповски

Слични содржини