Делта сој во Австралија: Прв смртен случај од корона оваа година

од Nikola Popovski

Австралија денес го пријави првиот смртен случај од последиците на коронавирусот годинава и рекордни нови 77 случаи во државата Нов Јужен Велс, која се бори со епидемијата на високо заразниот делта сој.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклјиан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата Сиднеј, каде што е во сила тринеделен локдаун, се очекува да порасне во наредните денови.

„Очекувам утре бројките во Нов Јужен Велс да бидат повисоки од 100. Ќе се изненадам ако ги има помалку“, рече Берејиклијан, цитиран од Ројтерс.

Во саботата беа регистрирани 50 случаи, што досега беше рекорден број на нови инфекции за 2021 година.

Фото: 2020 Paul Kane/Getty Images

Слични содржини