Анонимуси Македонија се јавија по видеото кое се појави на Јутјуб, а кое содржеше закана до лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека ќе објават компромитирачки материјали за него.

Screen-Shot-2015-02-17-at-01.26.29-685x320

-Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. Не наседнувајте. Анонимуси не се и никогаш не биле партиски поврзани, напишааа Анонимуси Македонија на својата Фејсбук страна.

Screen-Shot-2015-02-17-at-01.24.26

Обидот за аматерското сценарио, да се објават материјали од службите против опозицијата , а да не испадне дека зад тоа стои државата беше претставен преку едно видео на Јутјуб зад кое наводно стоеа Анонимуси Македонија. Подоцна се појави и информација дека биле хакирани информациите од комјутерот на СДСМ од страна на Анонимусите, што беше демантирано од страна на партијата.

gruevki-mvr

Фокус објави наслов дека всушност зад наводните македонски Анонимуси стоит МВРЧ ;

„Ако се следи реториката која во видеото ја користат овие анонимни заканувачи таа е идентична на зборовите кои во јавноста ги пласира власта, нивните експерти и актери од здружението „Спас за Македонија“. Особено се потенцира делот дека ова што се случува во Македонија е сценарио на странските служби со помош на домашни, внатрешни непријатели и платеници.  Понатаму, во текстот на анонимните се потенцира дека тие го имаат вкупниот материјал, што исто така остава сомнеж дека тоа е истиот материјал на МВР, кој практично го има и СДСМ. Ако навистина го хакирале компјутерскиот систем на СДСМ тогаш има работа и за полицијата, да провери кој тоа неовластено упаднал во техниката, спотвеност на партијата и хакирал.

Инаку групата „Македонски анонимуси“ вчера го отвориле каналот на Јутјуб мрежата и ова им е прва активност.  Сликата која ја користат со познатата маска од светски популарната мрежа на активисти и хактивисти, како што се нарекуваат, е закачена и во просториите во кои премиерот Груевски ја промовираше новата форензичка лабораторија на МВР. Патем, мрежата анонимни хакери упаѓа во системи на владини институции, државни агенции, корпорации и верски организации, со што македонскиот пример е повторно уникатен- упад во опозицијата. Дали ова е уште еден контра- удар на власта?

Како потврда дека ова е режијана МВР и власта е и демант изјавата од СДСМ дека  дека воопшто пријавиле во МВР кражба на информации од компјутер, и појаснија дека сите материјали  ки тие ги поседуваат се на сигурно место, и воопшто не била врзани на интеренет и не се во компјутер за да можат да бидат од кој било пробиени.

Слични содржини