Правната комисија на Претставничкиот дом на САД ги одобри упатствата за истрага за импичмент на претседателот Доналд Трамп , јавуваат локалните медиуми.

Резолуцијата го овластува Џери Надлер да закаже рочишта како дел од тековната истрага на Трамп. Покрај тоа, адвокатите на комисијата ќе имаат можност да ги испрашуваат сведоците еден час откако сите конгресмени ќе ги постават своите прашања. Исто така, на адвокатот на Белата куќа му е дадена можност писмено да одговори на информациите дадени од  комитетот.

  Во порака, Надлер потенцира дека никој не е над законот и дека невидена корупција, прикривање и злосторства извршени од претседателот биле испитани од комитетот за да утврдат дали треба да се предложи постапка за импичмент или други мерки.

Резолуцијата беше поддржана од сите демократи во комисијата. Републиканците гласаа против.

Одговорот на Трамп не остана должен. Тој презентираше цитат од демократот Ал Грин кој не е најточен.

  „Не ги победивме, ајде да ги отповикаме“, рече демократскиот конгресмен Ал Грин, напиша Трамп на Твитер.

Грин во неколку наврати предлагаше  покренување постапка за импичмент против шефот на државата.