Демонстранти го спречија рускиот амбасадор во Полска да положи венец по повод Денот на победата

од Vladimir Zorba

Демонстрантите, главно Украинци, денеска го блокираа преминот на рускиот амбасадор Сергеј Андреев до споменикот на советските војници каде сакаше да положи венец по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Тие му го попречија патот со голема инсталација направена од стотици сино-жолти украински знамиња и крстови кои ги претставуваат симболичните ознаки на гробовите на Украинците убиени од Русите од почетокот на инвазијата во февруари минатата година, пишува АП.

Поставувањето е направено од граѓанската иницијатива „Евромајдан-Варшава“, која ја поддржува Украина во борбата против Русија.

Слични содржини