Демонстрации и на опозицијата и на приврзаници на властите во Венецуела

од Vladimir Zorba

Лидерот на опозицијата во Венецуела повика денеска на општонароден протест против властите и со тоа да се засили притисокот врз претседателот Николас Мадуро да си поднесе оставка.

Хуан Гуаидо вчера одби предлог на претседателите на Мексико и на Уругвај да преговараат со Мадуро. Тој ги повика да ја поддржат борбата на опозицијата.

Во овој историски момент да бидеш неутрален значи дека си на страната на режимот што осуди стотици илјади луѓе на мизерија, глад и прогонство, дури и смрт, нагласи тој во видео порака.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави вчера на Флорида дека времето за дијалог е изминато и сите опции се на маса.
Вашингтон го призна Гуаидо за легитимен претседател. Државите членки на ЕУ се очекува да го признаат за претседател идната недела.

Мадуро исто така повика денеска на демонстрации за поддршка на владата.

Слични содржини