Денес граѓаните ќе може слободно да се движат

од Берта Китинска

Владата по предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука, да нема полициски час за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува во 21:00.

Според здравствените власти олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.

Слични содржини