Денис Родман во Сингапур за време на средбата на Трамп и Ким

од desk2

Поранешната американска кошаркарска ѕвезда Денис Родман, чест посетител на Пјонгџанг, изјави дека ќе биде во Сингапур во вторник за време на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, иако Белата куќа негираше негово учество на состанокот.


Родман, поранешна НБА ѕвезда, досега петпати бил во Пјонгjанг од доаѓањето на власт на Ким Јонг Ун, кој е голем љубител на кошарката и негов личен пријател.

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Родман ќе отпатува за Сингапур, а Белата куќа во четвртокот негираше дека тој на кој било начин ќе биде вклучен во разговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го обожава Родман, дека тој е добар човек, но дека не е повикан на средбата.

Слични содржини