Украинската националистичка организација “Десен  сектор” му објави во Мукачево војна на официјален Киев, пишува “Росијскаја газета”. Масакрот во град Мукачево – реонски центар од Закарпатието, извршено во саботата од борци на “Десен сектор”,го соочи официјален Киев пред тежок избор – или да ги прогласи овие “вистински патриоти” за обични разбојници, или да ги  дели со нив власта и приходот. Одот на настаните покажува дека претседателот Петро Порошенко и неговите луѓе уште не се осмелуваат да преземат решителни дејствија, забележува Москова, цитирана од РИА Новости.

0000269735-article2
Членовите на “Десниот сектор” нападнаа во саботата патролана сообраќајната полиција во Мукачево  во еден локален спортски клуб. Три лица загинаа, 11 беа повредени. Потоа борците се криеле во најблиската планина, која беше изолирана  од милицијата и од сили на украинската национална гарда. Синоќа гувернерот на Закарпатска област Василиј Губал изјави дека националистите избегале и во моментов не се знае каде се, потсетува “Комсомолскаја правда”. “Тие не го  предале оружјето и не контактираат со милицијата”, рекол Губал. Според “информиран извор во Мукачево”, цитиран од  поранешен Прес секретарот на киевската обвинителство, планината нема да биде пролем , бидејќи “нема каде да се упадне”. “Двајца повредени се предадоа денес и се сместени во болница”, , “а останатите веќе се далеку одовде”, изјавил изворот. По престрелката во Мукачево украинските енергетски структури ги запоседнаа  базите на “Десен сектор”, а радикалите ги  кренаа на тревога приврзаниците во целата земја, пишува “РБК дејли”.

Конфликтите фо одразуваат расцепот во украинското општество – такви ќе има и понатаму, коментира експерт на весникот. По повод настаните во Мукачево претседателот Петро Порошенко свикува денес седница на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, информира “Лента”. “Десен  сектор” создаде во Украина нова жешка точка, истакнува електронското издание  и вели дека радикалите излегоа на улиците, за да ги заштитат своите другари по оружј. Тоа  разгорување во Мукачево  е “мала војна со употреба на гранати и тешки митралези”, пишува “Лента”. Според податоците на украински медиуми, политичари и “познавачи на локалните реалности” велат , приказната започна како “банално бандитски порамнување на сметки заради контролата на протокот на шверц во регионот”. Случајот сепак може да прерасне во вистинска политичка криза, предупредува весникот.

Слични содржини