Децата на Порнхаб – приказна која го потресе светот

од Vladimir Zorba

Порнхаб привлекува 3,5 милијарди посети месечно, повеќе од Нетфликс, Јаху или Амазон. Порнхаб заработува пари од скоро три милијарди прегледи на реклами дневно. Една ранг листа го посочува Порнхаб како десетта најпосетувана веб-страница во светот. Но, таа е исто така извор на детска порнографија.

Постои и друга страна на компанијата: Порнхаб е полн со снимки за силување. Тие заработуваат на силувања на деца, осветничка порнографија, воајерски видеа на жени кои се тушираат, расистичка и мазигонистичка содржина и снимки од жени кои се гушат со пластични кеси.

Ако барате снимки со девојчиња на возраст под 18 или 14 години, тоа доведува до повеќе од 100.000 резултати.

Откако 15-годишно девојче исчезна од Флорида, нејзината мајка ја најде на Порнхаб – во 58 секс видеа. Сексуалните напади врз 14-годишно девојче од Калифорнија беа објавени на Порнхаб, а компанијата не ги пријави, туку студент од нејзиното одделение кој ги видел овие снимки. Во секој случај, криминалците беа уапсени за нападот, но Порнхаб се спаси од одговорноста за споделување на видеата и заработка од нив.

Порнхаб ви овозможува да ги преземате овие видеа директно од нивната веб-страница. Значи, дури и видеото за силување да биде отстрането на барање на властите, може да биде предоцна: видеото живее бидејќи е споделено со други.

Девојче по име Кали во признание за „Њујорк Тајмс“ изјави дека е посвоена од Кина и дека нејзиното згрижувачко семејство ја подведувало и ја принудувало да снима порнографски филмови кога имала само 9 години.

„Сè уште се продава, иако оттогаш поминаа пет години“, рече таа.

Таа сега има 23 години, учи и се надева дека ќе стане адвокат – но тие стари видеа ја прогонуваат.

„Можеби никогаш нема да можам да избегам од ова. Можеби ќе имам 40 години и осум деца, а луѓето ќе продолжат да мастурбираат на моите фотографии од детството“, рече таа.

Порнхаб профитираше оваа есен од видеото како гола жена е измачувана од група мажи во Кина. Тие искешираа од видео компилации со наслови како „Понижена тинејџерка“ и „Екстремно гушење“.

Потоа тие ја цитираат особено потресната приказна за Селена К. Флајтс, која се заљуби во момче на своја 14-годишна возраст, кој ја молел да му испрати голи снимки, што таа го направила, сакајќи да му угоди. Тогаш забележала дека ја гледаат чудно на училиште. Тој го споделил видеото со други момчиња, а некој го објавил на Порнхаб.

„Луѓето ми испраќаа пораки, заканувајќи се дека ако не им ја испратам снимката, ќе и испратат сè на мајка ми“, рече таа.

Момчето било суспендирано, но Флајтс започнала да бега од часови, бидејќи не можела да го поднесе срамот. Нејзината мајка го убедила Порнхаб да ги отстрани видеата, а Флајтс смени училиште. Но, гласините стигнаа до новото училиште, а видеата беа повторно објавени на Порнхаб и на други веб-страници.

Флајтс се скарала со нејзината мајка и почнала да се повредува самата себе. Потоа еден ден отишла во кабинетот за лекови и ги испила сите антидепресиви што ги пронашла.

Три дена подоцна, таа се разбудила во болницата, фрустрирана што е сè уште жива. Потоа се обесила во бањата; ја пронашла малата сестра, а медицинските лица ја оживеале. „Пријател“ ја запознал со мет и опиоиди и таа станала зависна од двата. Таа го напуштила училиштето и станала бездомник.

На 16 години, таа повторно започнала да ги продава своите голи фотографии и снимки, кои исто така завршија во Порнхаб. Флајтс побарала да бидат отстранети. Обично се отстрануваат, вели таа, но потоа повторно се враќаат. Едно од нејзините голи видеа на 14-годишна возраст имало 400.000 прегледи, па се плашела да аплицира за работа во ресторан за брза храна од страв дека некој ќе ја препознае.

Така, денес Флајтс, на 19 години, трезна една година, но невработена и трауматизирана, живее во нејзиниот автомобил во Бејкерсфилд, заедно со три кучиња кои се покажаа поверни и посакани од човечкиот вид. Сонува да стане ветеринарен техничар, но не е сигурна како да го стори тоа.

„Бев глупава. Тоа е безопасна работа што ја прават тинејџерите и лудо е како се претвора во нешто толку големо “, признава тој.

Загриженоста за Порнхаб расте. Петицијата за укинување на страницата собра 2,1 милиони потписи. Сенаторот Бен Сасе, републиканец од Небраска, го повика Министерството за правда да го испита Порнхаб. ПејПал ги прекина услугите за компанијата, а од компаниите за кредитни картички беше побарано да го сторат истото.

Членовите на канадскиот парламент ја повикаа нивната влада да реагира против Порнхаб, чие седиште е во Монтреал.

„Тие заработија пари на мојата болка и страдање“, изјави за „Њујорк Тајмс“ 18-годишна девојка по име Тејлор.

Момчето скришно го снимало нивниот секс кога имала 14 години, а снимката завршила на Порнхаб, потврди полицијата.

„Отидов на училиште следниот ден и сите гледаа во нивните телефони и мене додека одев низ ходникот. Тие се смееја“.

Тејлор рече дека се обидела да изврши самоубиство двапати поради понижување и траума.

Порнхаб е во сопственост на Мајндгик, приватен порнографски конгломерат со повеќе од 100 веб-страници, производствени компании и брендови. Од даночни причини, со седиште во Луксембург, приватната компанија Мајндгик всушност се води од Монтреал. Тој не открива кој е сопственик, но го водат Ферас Антон и Давид Тасило, двајцата Канаѓани, кои одбиле да бидат интервјуирани.

Канадскиот премиер Џастин Трудо себеси се нарекува феминист и е горд на напорите на неговата влада да ги зајакне жените ширум светот. Значи, прашање за Трудо и сите Канаѓани: Зошто Канада е домаќин на компанија што секојдневно му покажува видеа со силување на светот?

Голите видеа на Никол беа објавени на Порнхаб кога таа имаше 15 години. Сега има 19 години и се обидува да ги отстрани веќе две години.

„Зошто моите снимки, кога имав 15 години и бев уценувана, постојано се поставуваат на страницата“, се прашува таа.

Адвокатот на Никол, Дени Пинтер, вели дека сè уште има најмалку три голи видеа на Никол на 15 или 16 години на Порнхаб кои тие се обидуваат да ги отстранат.

„Никогаш нема да заврши. Тие добиваат толку многу пари од нашите трауми“, вели таа.

Еден од скандалите во Порнхаб е поврзан со продуцентската куќа „Girls Do Porn“, која регрутира млади жени како модели, а потоа ги принудува да настапуваат во сексуални видеа, тврдејќи дека видеата ќе се продаваат само како ДВД во други земји и никогаш нема да одат на Интернет. Убедени дека никој никогаш нема да дознае, некои од жените се согласуваат – а потоа се шокирани кога снимката е агресивно пласирана на Порнхаб.

„Girls Do Porn“ беше гонет за сексуална трговија и затворена. Но, тие видеа постојано се појавуваат на Порнхаб.

Но, има една светла страна на оваа мрачна приказна: по овој напис во „Њујорк Тајмс“, основана е страницата за помош на GoFundMe за Селена, која живее како жена бездомник со три кучиња. Беа собрани 50.000 УСД и таа сега живее во мотел.

Покрај парите, читателите, наводно, и понудиле на Серена работа и други понуди за домување, во надеж дека ќе и помогнат на една млада жена која страдала неподносливо поради грешка во тинејџерска возраст.

Слични содржини