Вчера вечер, со почеток во 19 часот, детското списание „Карделен“ (Кокиче) го прослави својот 100-ти број со програма за деца од основни училишта и помали деца. На настанот имаше различни делови, вклучувајќи читање на поезии од децата од списанието „Карделен“, како и раскажување на приказни од специјалната гостинка од Турција, Зејнеп Бетул Ајјилдиз.
Уредникот на детското списание, Јелиз Даут Куртиш, во своето обраќање изјави дека е многу тешко да се одржи постојаноста во објавувањето на едно списание толку долго време и дека не е доволно само да се собере екипата за тоа.
„Најголемата поддршка за достигнувањето на овој број на објавување ни доаѓа од децата, кои секогаш покажуваат голем интерес за „Карделен“, како и од нивните родители, наставниците и наставничките“, изјави Даут Куртиш.
Претседателот на здружението „Несил“, под чие покровителство се подготвува списанието, Мухсин Куртиш, ги подвлече добрите спомени во сите години на постоењето на „Карделен“ и истакна дека во време кога процентот на читање е многу мал, достигнувањето на стотиот број на детско списание е особено возбудливо.
Во рамките на настанот беше прикажано и видео со порака од претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој ги поздрави членовите на екипата на „Карделен“ заедно со децата што го посетиле.
„Карделен“ е детско списание на турски јазик за деца во возраст од 9 до 14 години, кое се објавува во земјава од 2009 година. Сега тоа е достигнато до сите основни училишта во земјата во кои се одржува настава на турски јазик.