Девет граѓани починаа од корона, сите имале коморбидитети

од Nikola Popovski

Mинистерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје ( 76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини