Девизните резерви на Русија на 1 ноември изнесуваа 539 милијарди евра

од Vladimir Zorba

Девизните резерви на Русија на 1 ноември изнесуваа 539 милијарди евра, што е за 1,24 отсто повеќе од почетокот на октомври, објави денеска Банката на Русија (БР).

Како што се наведува во соопштението, во истиот период девизните резерви на Русија се намалени за 0,26 отсто, на 399,85 милијарди евра, а вредноста на монетарното злато во резерви се зголемила за 5,82 отсто, на 139,15 милијарди евра, пренесe ТАСС.

Пред една година, на 1 ноември 2022 година, меѓународните резерви на Русија изнесуваа 511,96 милијарди евра.

Слични содржини