Џафери за понудите на Мицкоски: Никој никому не му е поштар, си има Закон за јавни набавки

од Берта Китинска

Јавна набавка се спроведува според Закон за јавни набавки и таму се пропишани процедури и услови, никој никому не може да му биде поштар и да му носи таму документи, им порача денеска спикерот Талат Џафери на власта и опозицијата откако пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараа власта да ги нудеа понудите што ги обезбедил Мицкоски, а министерот Бектеши се понуди лично да му се јави, да ги земе понудите и да ги однесе во ЕСМ.

–За извештаите на ДЗР, да, Собранието врши контрола и си ги гледа извештаите на ревизијата. Но, по извештаите на ревизијата има други институции што треба да постапат ако се наводите такви како што зборувате … Тој вика давам, имам јас понудувач, друг вика ќе ги доставам, третиот вика јас ќе одлучувам. Како мислите така да одлучувате? Ова е манипулација со граѓаните, им рече Џафери на пратениците.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска од собраниска говорница го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно да ги соопшти контактите за набавка на поевтини енергенси и да каже за кои компании се работи, за какви понуди и по кои цени или ако неќе тоа да го стори, да ги достави до Министерството за економија.

-Јас ќе прземам одговорност и ќе му се јавам на Мицкоски. Ќе ги објавам контактите и ќе ги доставам до ЕСМ. Сметам дека целата јавност треба да знае и да биде информирана. Се треба да биде транспарентно. Во понеделник сум тука, нека ми ги достави Мицкоски контактите, а јас јавно ако треба ќе го однесам во ЕСМ, да видиме од кои извори доаѓаат. Време на кризна состојба е, има некои работи кои државата не може да ги направи, членка сме на НАТО, рече Бектеши.

Слични содржини