Џејмс Мекавој се ожени во тајност

од desk4

Актерот кој ја играше главната улога во филмскиот серијал за моќните мутанти „Икс мен“, Џејмс Мекавој, наводно тајно се венчал со девојката Лиза Либерати.

Откако се разведе од Ен Мари Даф, со која беше 11 години во брак, Џејмс Мекавој наводно застанал пред олтар со Лиза Либерати со која е во врска последниве неколку години. Новопечениот брачен пар се венчал во тајност, а врската за започна во тек на снимањето на филмот „Поделен“. Лиза Либерати беше продукциска асистентка на режисерот М.Најт Шајмалан.
Џејмс беше во процес на развод од Ен Мари Даф кога ја запозна Лиза. Откако беше финализиран разводот, Џејмс и Лиза не ја криеа врската.
Информациите за тајната венчавка ги поттикна прстенот со кој Лиза се врати од Филаделфија, каде беше на патување заедно со Џејмс. Режиерот Џејми Лојт, кој е близок пријател на шкотскиот актер наводно на една забава открил дека Џејмс и Лиза се венчале. Но портпаролот на актерот не ја потврди веста.

Слични содржини