Џенифер Анистон призна што украла од снимањето на „Пријатели“

од Nikola Popovski

Екипата на „Пријатели“ неодамна повторно се обедини, а по тој повод, актерите на кои оваа серија им донесе огромна популарност дадоа интервју за списанието „Пипл“, каде Jенифер Анистон откри досега непознат детал од снимањето.

Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк сепак им носат насмевки на многумина, а во заедничкото интервју за „Пипл“, посебно внимание привлече признанието на Анистон, која ја игра славната Рејчел.

Имено, таа откри дека толку многу ѝ се допаѓал еден фустан на сетот, па го украла. Всушност, тој фустан бил наменет за Моника, која ја играше Кортни Кокс.

„Отидов во нејзината гардероба и го зедов фустанот, сè уште го имам и го носам“, рече Џенифер.

„Веројатно веќе четирипати беше надвор од мода и се врати“, додала Кортни.

„И секогаш ќе биде модерно“, се надоврзала Анистон.

Според зборовите на актерката, како што ја опишала, станува збор за црн фустан со мал цветен дезен, кој има „V израз“.

Слични содржини