Џиџи Хадид не се грижи за вишокот килограми стекнати за време на бременоста

од Stefanija Kuzmanovska

Само десет недели по раѓањето на нејзиното прво дете, ќерката Каи, која ја доби со пејачот Зејн Малик, супермоделот Џиџи Хадид позираше за насловната страница на американскиот „Вог“. Како што и самата вели, воопшто не се подготвувала за ова снимање, бидејќи не ѝ е важно што повеќе не носи најмал број на облека.

Насловните страници на ова модно списание секогаш привлекуваат големо внимание, но овојпат Џиџи изненади многумина велејќи дека не се оптеретувала со подготовки и обиди да изгуби неколку вишок килограми по бременоста поради ова снимање.

– Знам дека не сум слаба како порано. Јас сум многу реална – изјави Џиџи, и продолжи:

– Одлучив да се согласам на снимањето, иако знам дека не можам да носам ништо што е величина 0. Во моментов, воопшто не чувствувам потреба за тоа – додаде Џиџи.

Младата мајка исто така рече дека не размислува премногу за враќањето на работа.

– Се фокусирам на работите што обезбедуваат стабилност, а не на патување во друга земја секоја недела – објасни моделот кој заработи повеќе од 25 милиони долари за време на нејзината кариера, која трае уште од нејзиното детство.

Џиџи моментално ужива во опуштениот живот на имотот на семејството Хадид во Пенсилванија, САД, каде и ја роди ќерката затоа што не сакаше да оди во болница поради пандемијата на коронавирус, а сака да ја одгледа малата Каи во слична средина.

– Зеленилото и руралниот начин на живот се слични на она што ми помогна да пораснам, во формирањето на мојата личност, а тоа ни е важно и на Зејн и на мене. Мислам дека е одлично кога ќе му дадете можност на вашето дете да истражува различни интереси.

Слични содржини