Џонсон: Нема да има референдум во Шкотска во блиска иднина

од Vladimir Zorba

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја отфрли можноста за одржување референдум за независност во Шкотска во блиска иднина.

Владин извор додаде дека фокусот на британската влада мора да биде насочен кон борбата против пандемијата, објави „Дејли меил“.

– Политичарите ширум Велика Британија треба да се концентрираат на борбата против пандемијата. Ние мора да работиме заедно за да го победиме Ковид-19 и да изградиме подобра иднина. Искрено, не го гледам значењето на референдумот во блиска иднина, особено сега, и треба да ја туркаме земјата за подобра иднина – рече Џонсон.

Шкотска одржа референдум во 2014 година, но 55% од населението гласаше за останување во Велика Британија.

Слични содржини