ДИК ќе набави терминали за претстојните избори во вредност од 12 милиони евра

од Andreja Salpe

Во средината на мај Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја започне постапката за јавна набавка на интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите што треба да се примени на локалните избори предвидени за втората половина на октомври. За таа цел Владата одобрила 720 милиони денари за што преку Министерството за финансии ја известила Комисијата која на денешната седница ги усвои измените на планот за јавни набавки и за почетокот на набавка на терминалите.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху на седницата информираше дека во мај ќе почне постапката за јавна набавка на интегрираниот систем за биометриска идентификација на гласачите и оти проценета вредност на договорот е 720 милиони денари. Според Шеху, останатите постапки ќе почнат во јуни и јули, а таа верува дека до средината на август ќе бидат спроведени сите постапки и склучени договори за локалните избори.

Таа објасни дека постапката ќе биде отворена, а другата недела планираат да спроведат и технички дијалог, што ќе трае пет дена. Според Шеху, постапката ќе биде јавна и транспаретна и ќе оди преку Електронскиот систем за јавни набавки. Сите заинтересирани понудувачи или оператори домашни или странски можат да даваат свои препораки, да даваат забелешки на нашата изготвена веќе нацрт – тендерска документација и барање за техничкиот дијалог што се однесува до системот за биометриска идентификација на гласачите.

„Ние почнуваме следниот ден откако ни се префрлени средствата, а тоа е денеска. Како што кажа потпретседателката, дијалогот ќе се одвива една недела, согласно законот за јавни набавки. Ќе почне во вторник за да не биде во празнични денови, па до наредниот понеделник. И потоа ќе почне постапката за тендерска постапка, која ќе трае 30 дена, потоа има рок за жалба итн. А условот во техничкиот дијалог е, опремата да се испорача во рок од 30-60 дена, може и сукцесивно бидејќи имаме дел од опремата. Тоа би било крај на август, почеток на септември, во меѓувреме ќе треба да се изврши обука на тие што ќе управуваат со тие апарати и да се имплементира опремата, сметаме дека ќе има доволно време за се“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Слични содржини