ДИК со прв пресек за собрани потписи за кандидатите за претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Државната изборна комисија соопшти денеска дека од утре, 25 февруари 2024 година, на својата веб страница, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира. Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за Претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Според ДИК, вчера на првиот ден од отпочнувањето со собирање потписи, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи – 3.261 потпис, следат Максим Димитриевски од ЗНАМ-за наша Македонија со 1.594 и кандидатката поддршна од Левица, Билјана Ванковска Цветковска со 1.105 потписи.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

1. Вело Марковски 98

2. Билјана Ванковска Цветковска 1.105

3. Томе Николоски 0

4. Бујар Османи 3.261

5. Господин Поповски 0

6. Максим Димитриевски 1.594

7. Стевчо Јакимовски 658

8. Ѓорѓи Манасков 21

9. Арбен Таравари 1

10. Мерсиха Смаиловиќ 0

11. Зорица Цветковска 0.

Слични содржини