Димитриевски: Наша заложба е пензионерите да добијат 13 пензија

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Караванот на Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска беше во посета на Валандово и Богданци.

Димитриевски при тоа имаше непосредни средби со граѓаните и во позитивна кампања  ја презентираше неговата предизборна програма, која се темели на пет начела и пет приоритети.

Тој во разговорите посебно се задржа на првиот  приоритет со кој ќе се овозможи да се придвижи процесот на  европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се   формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.

Димитриевски во овие места се сретна и со поголем број на пензионери, при што имаше прилика да поразговара со нив, очи во очи,  за проблемите кои секојдневно ги мачат. Во изјавата за новинарите Диитриевски рече:

„Слушаме безброј,  голем број на ветувања од страна на старо новите политички субјекти коишто  во континуитет, во овие 30 години се менуват во државата, а од гарнитура до гарнитура е се полошо и полошо. И ја испорачавме нашата мерка со која што ќе влеземе во овој предизборен период, а тоа е да се обезбеди 13 пензија  во форма на субвенција, кон сите пензионери и загрозени групи“.

Тој објасни дека тоа ќе се направи со искористување на нереализираните средства од капиталните инвестиции коишто остануваат на крајот на годината.

Димитриевски  најави дека една од првите негови  заложби, како Претседател на државата  ќе му биде менувањето на постојниот Закон за кривична одговорност, со кој,какошто рече, се самоамнестираа  голем број на политичари во државата и дополнително се амнестираа претходни политичари. Недозволиво е да нема казнивост или одговорнот за сите во државата.

„Законот треба да важи подеднакво за сите. Ние ќе се залагаме правда да има подеднакво за сите во Македонија и за мене слоганот -Нема правда нема мир- сеуште важи и до денеска не сум отстапил ни милиметар од тие мои заложби во Шарената револуција“, рече кандидатот за Претседател на Македонија,  Максим Димитриевски.
Неговиот караван денеска ќе ги посети и Гевгелија и Дојран, како и уште неколку места во тој регион.

Слични содржини