Димитров: Балканците повеќе не се сигурни во својата европската перспектива

од Берта Китинска

Заменик претседател на Владата за европски прашања Никола Димитров смета дека Балканците повеќе не се сигурни во својата европската перспектива со оглед на тоа што ветувањето на ЕУ не е исполнето по толку многу време.

-Грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис го покани Балканот на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ. Токму во Солун, на Самитот на ЕУ во 2003 година беше дадено ветувањето на ЕУ за вклучување на Балканот во своите редови.Меѓутоа, како што се одвиваат работите, Балканците повеќе не се сигурни во својата европската перспектива со оглед на тоа што ветувањето не е исполнето по толку многу време.Грците го иницираа ветувањето на самитот во 2003, па Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба – со вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ тие ќе добијат пријатели и сојузници, рече Димитров, во  Утрински брифинг.

Слични содржини