Димовски: Слушаме дека министри барале нови работни места

од Aleksandar Todeski

Функцијата технички премиер ви го отвара патот по изборите да зачекорите кон функцијата претседател на СДСМ, му рече пратеникот Илија Димовски на Оливер Спасовски.

 

Фото: Борче Поповски

„Има едно правило, како дојдовте, така ќе си одите. Дојдовте со техничка влада, ќе си одите со техничка влада. Слушаме министри кои пројавиле желба за други работни места“, рече Димовски, на што министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески му довика „Во Будимпешта“.

Пареникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека предлогот Спасовски да биде технички премиер ја разбираат од партиски причини, но дека ресорот кој го водел, МВР не е препорака за тој да биде премиер.

„Правиот пат по кој што одевте е пат на рекет, тендери и да не набројувам. Огромна партизација, нарачани судски постапки дирекно од министри и уцени на политички неистомисленици“, рече Димовски.

Тој обвини дека се вршеле уцени врз десетина пратеници од Собранието. Вели дека имало градоначалници кои се заканувале и вршеле мобинг.

А.Т.

Слични содржини