Димовски: Војната во Украина може да предизвика сериозни реперкусии врз Западен Балкан

од Nikola Popovski

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски информира дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, со подигнато ниво на сензитивност. Сепак тој не исклучува можност војната во Украина да има безбедносни реперкусии врз земјите од Западен Балкан.

Тој појасни дека во моментов постои бегалска криза којашто расте и која може да резултира до пет милиони иселени лица од Украина.

-Како институција ги следиме сите безбедносни ризици, бидејќи постои опасност од сериозни реперкусии од политички, економски и социјален каратер во сите европски земји, рече Димовски на дебатата во Скопје за актуелните безбедносни предизвици и ризици на Северна Македонија и регионот.

 

Слични содржини