Директорот на Клиника за неврологија се заразил со Ковид-19: Имав контакт со позитивно лице

од Nikola Popovski

Лекарот Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија е позитивен на тестот за коронавирус и се наоѓа во домашна изолација.

Тој на својот Фејсбук профил објавил дека денес го добил резултатот за САРС-КоВ-2, кој се покажал како позитивен.

„Вчера се тестирав заради контакт со позитивна особа. Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација. Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории. Почитувајте ги препораките и чувајте се“, напишал тој.

Слични содржини