Околу 6.000 луѓе годишно починале  од болести предизвикани од азот диоксид (NO2) во Германија , , соопшти Федералната служба за животна средина.

 

Канцеларијата обезбеди докази дека загадувањето на воздухот е претежно предизвикано од дизел автомобили.

Новите податоци, најверојатно, ќе го влошат притисокот врз производителите на автомобили и владата.

Канцеларијата прецизира дека секоја година 1 милион луѓе заболуваат поради високите нивоа на азотен диоксид, а нивото на токсични материи во 70 градови се повисоки од наметнатите ограничувања за почитување на стандардите на воздухот.

Во минатиот месец германски суд одлучи дека градовите можат да имаат ограничувања, а  најмногу загадуваат дизел автомобили – решение кое може да го забрза замената на конвенционалните мотори со електрични автомобили.