До крајот на месецов: Продолжени моменталните правила и услови за влез во Грција

од Nikola Popovski

Моменталните правила и услови за влез во Грција, кои беа воведени минатата недела, властите кај нашиот јужен сосед одлучија да бидат продолженидо 31 мај 2021 година.

Граничниот премин Евзони (Богородица) е единствениот кој е отворен за македонските граѓани со работно време од 7 до 23 часот по локално време, односно од 6 до 22 по македонско време.

Инаку, денеска за прв пат од почетокот на пандемијата се забележува зголемена сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица.

За влез во Грција потребни се целосно завршена вакцинација 14 дена пред патувањето и доставен сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик издаден од јавна установа. Втората опција е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето одобрен од државата на потекло. Третата опција е доставување на потврда за прележана болест или позитивен резултат од ПЦР или антиген (брз) тест што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот.

 

Слични содржини