До пладне гласале 157 од 210 пријавени бугарски државјани на бугарските избори во Македонија

70 гласачи гласале на гласачкото место отворено во бугарската амбасада во Скопје, 45 во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, 15 во Охрид, 20 во Струмица и 9 гласачи на гласачкото место во Прилеп

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Бугарската новинска агенција „БТА“ информира дека до 11:30 часот, вкупно 157 бугарски државјани во Македонија го остварија своето право на глас на тамошните парламентарни избори.

70 гласачи гласале на гласачкото место отворено во бугарската амбасада во Скопје, 45 во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, 15 во Охрид, 20 во Струмица и 9 гласачи на гласачкото место во Прилеп.

За овие избори биле поднесени 210 пријави за гласање, што е најголем број за сите избори одржани од 2022 година. Според законската регулатива, дури и без пријави за гласање однапред, бугарските граѓани можат да гласаат откако ќе пополнат декларација на самото гласачко место.

Бугарија ги одржува своите осми парламентарни избори од 2021 година. Последното гласање се одржа на 27 октомври 2024 година.

-Очекувам да биде избран јасно проевропски ориентиран премиер, вели премиерот Христијан Мицкоски во однос на парламентарните избори кои денес се одржуваат во Бугарија. Според него, впечатливо е што на изборите во Бугарија за гласање се пријавиле само 250 граѓани од Македонија.