Доброволната полиција во Мексико регрутира средношколци поради пораст на криминалот

од Stefanija Kuzmanovska

Доброволната полиција во мексиканското село Ајахуалтемпи, во руралната држава Гереро, регрутирала средношколци, од кои најмладите се на возраст од 12 години, што е најнов начин како некои делови од Мексико се обидуваат да се борат против организираниот криминал, пишува „Ројтерс“.

Агенцијата соопшти дека момчињата и девојчињата, вооружени со пушки и со покриени лица, парадирале низ локалното спортско игралиште оваа недела пред да се приклучат на патролата во Ајахуалтемпа, планинско село во југозападната мексиканска држава Гереро, каде што четири членови на едно семејство беа киднапирани минатата недела.

Еден од локалните функционери рече дека малолетниците ќе ги засилат доброволните полициски сили и ќе се потрудат да го чуваат селото со околу 700 жители додека возрасните ќе трагаат по исчезнатите.

„Не можеме да учиме поради беззаконието“, изјавил еден од регрутираните тинејџери за ТВ каналот Миленио, додавајќи дека му биле потребни неколку часа за да научи како да пука со пиштол.

Во Гереро, една од најсиромашните држави во Мексико, насилството ескалира на почетокот на оваа година кога 30 лица беа убиени во напад со беспилотно летало од нарко картелот La Familia Mićoacana.

Слични содржини