Додик: Политиката игра голема улога во судскиот процес што се води против мене

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека политиката игра голема улога во процесот што се води против него во Судот на Босна и Херцеговина.

„Нивните намери се очигледни, политиката ја игра главната улога во оваа постапка. Ова е политички процес за Република Српска“, рече Додик по напуштањето на Судот на Босна и Херцеговина.

Тој истакна дека Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска го прочитало обвинението против него, иако требало да биде напишано ново обвинение.

Додик додаде дека „ја чувствува атмосферата на линч“ во Судот на Босна и Херцеговина, но дека ќе продолжи да се бори да докаже колку е сето тоа апсурдно.

Смета дека судскиот процес против него е спорен и затоа што сите судии во постапката се Бошњаци, додавајќи дека посебно е спорно што новата судијка во постапката против него Сена Узуновиќ била политички ангажирана.

Додик беше обвинет од Обвинителството на Босна и Херцеговина за неспроведување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, што е кривично дело според Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Слични содржини