Доктор Лазаров: Имам неизживеани колеги кои секоја вечер одат во кафана и по свирки, а наутро треба да прегледуваат пациенти

од Nikola Popovski

Матичниот лекар Ненад Лазаров, преку Фејсбук статус се осврна на неодговорното однесување на своите колеги.

Тој ги криткуваше сите кои одат и се сликаат во кафана во време на пандемија, а следниот ден наутро прегледуваат пациенти.

„Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве ставам на ѕид на срамот од сега па лутете се, ако можам да седам ја дома, може секој од вас! Па уште се сликаат без маска без ништо, идиоти, нели ви е страв, ако ништо друго од реакција на јавност, сабјлето треба пациенти да прегледувате..“, напишал Лазаров.

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на Ковид-19, починати се осум лица, а оздравени 97.

Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Петък, 18 септември 2020 г.

Слични содржини