Кога жената ќе зачне, кај неа настапуваат како физички така и психички промени. Додека некои дами се чувствуваат од првите денови дека очекуваат бебе, за други е потребно да поминат недели, за да забележат било какви физички знаци за бременост.68f8d9eb69c5ab88bf8e42e909e9f71d

Иако во аптеки те може да најдете современи, брзи и релативно точни тестови за бременост, има некои домашни трикови кои можат да ви ја претскажат евентуалната бременост. Погледнете некои од нив.

Тест со листови од глуварчиња
За рано утврдување на бременоста листовите од глуварчиња можат да бидат ефикасно средство за потврдување. Исечете неколку свежи листови од глуварче и ставете ги во пластична чашка, без да ја изложувате на директна сончева светлина.
Потоа се уринирајте во чашката, аколичината на урината треба да биде толку за да ги покрие листовите. По 10 минути проверете ги листовите. Ако врз нив има црвени испакнатини, најверојатно сте бремена.

Тест со белило
Во чиста чаша измешајте белило и урина. Ако смесата почне да се пени, значи имате повод за радост или во најмала рака треба да си купите тест за бременост од аптека, за поголема безбедност.

Тест со паста за заби
Пастата за заби, исто така може да биде дел од вашиот домашен тест за бременост. Во пластична чинија или чаша измешајте една лажица бел паста за заби и урина. Ако пастата започне да посинува, посетете го вашиот лекар.

Тест со шеќер
Овој домашен тест за бременост е важно да се направи со првата урина за денот. Во чинија ставете 2-3 лажици шеќер на кристали и уринирајте на неа. Ако шеќерот не се раствора и формира грутки, купете си медицински тест за бременост, бидејќи најверојатно очекувате бебе.

Слични содржини