Доналд Трамп отвори своја веб-страница

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, отвори својата веб-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со неговите поддржувачи, а дел е посветен на презентација на неговиот престој во Белата куќа.

На почетната страна на страницата се прикажани повеќе фотографии од Трамп со многу познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

„Кабинетот на Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период на неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата „Америка на прво место“, стои на почетната страна на страницата, објави „Ројтерс“.

Веб-страницата исто така ги прикажува достигнувањата на Трамп, вклучувајќи го енергетскиот сектор и безбедноста на границите, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи и неговиот одговор на борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Ројтерс“ додава дека не се споменуваат скандали, истраги за корупција, два обида за отповикување и напади врз демократски институции што го одбележаа неговиот претседателски мандат.

Слични содржини