Донмез: Резервите на гас во Црното Море ќе ги покриваат нашите потреби во следните 30 години

од Radmila Tasevska

Резервите на гас во Црното Море што ги откри Турција би можеле да ги покријат потребите на земјата во следните 30 години, изјави денес турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, додавајќи дека изградбата на фабриката за преработка на гас е речиси завршена.

„Очекуваме првата фаза од производството на гас во Црното Море да започне во март“, изјави Донмез за каналот ТВНЕТ.

Тој посочи дека сегашните резерви на гас во Црното Море ги покриваат потребите на Турција за следните 30 години, а со новоистражените наоѓалишта тој период ќе биде уште подолг.

Слични содржини