Др.Којиќ: На луѓето им значи одењето во кафеана, да го знаевме ова порано, ќе имавме поголем број вакцинирани

од Берта Китинска

Во последно време се почесто доаѓаат пациенти кои веќе го имаат прележано вирусот и лепат инфекции една врз друга. Дел од нив имаат брз развој и потешка клиничка слика. Ова се случува поради тоа што имунитетот по прележаниот ковид ослабува односно се разнишува меморијата на клетките и кај децата и возрасните, вели во изјава за “Локално”, д-р Љиљана Којиќ .

Педијатарот објаснува дека повеќето од овие инфекции се поттикнати од атипични предизвикувачи.

Овие атипични инфекции се должат и на летните горештини бидејќи луѓето се под климите, а голем дел од тие инфекции знаат да се множат во клима уредите, објаснува др. Којиќ.

И децата во периодот од 1 до 6 месеци по прележаниот вирус може да примат вакцина

-За Фајзер имаме студии кои јасно укажуваат дека може да се применува кај децата од 12 години. Во тек е студија според која може наскоро ќе започне да се вакцинираат и деца од 6 години.Познато е дека и во Кина се спроведува имунизација со нивните вакцини од три годишна возраст.На сите мои пациенти кои побарале мислење за тоа дали да се вакцинираат сум им препорачала тоа да го сторат, бидејќи е подобро да се заштитат децата. Но, едне факт многу ме разжалостува, нашето едногодишно зборување, објаснувања до детали на разбирлив јазик го поразува фактот што едно погледнато бесмислено клипче на “Јутјуб“ предизвикува сомнеж и сето наше зборување паѓа во вода,смета педијатарот,додавајќи дека родителите најчесто поставуваат прашања за работите кои ги гледаат и читаат од лажните вести поврзани за вакцините против ковид 19.

-Родителите најчесто прашуваат дали вакцината би влијаела на плодноста, а во суштина самата инфекција со ковид 19 носи поголема опасност и влијае на плодноста.Вакцините како и секоја си има свои нус-појави, но тие се занемарливи во однос на тоа што може да предизвика вирусот.Сметам дека е многу подобро да се заштитат децата па дури и да се инфицираат по примањето на вакцината,бидејќи на тој начин вирусот би поминал во полесна форма.Иако по правило оваа инфекција кај децата поминува лесно, но не е така во сите случаеви.Има деца кои многу тешко поминуваат со васкулити. Покрај тоа има уште една работа која што ме загрижува,а таа се вика „лонг ковид“ која предзвикува подоцнежни компликации кои знаат долго да траат. Тука спаѓаат околу 200 симптоми и ние мислевме дека тоа се случува само кај прележаните тешки случаи, но по година дена разгледувајќи ги податоците констатиравме дека не е така и дека луѓето кои имале лесни форми дури и асимптоматските случаеви имаат последици.Ние пред 60 години имавме една страшна болест Полио кое се сопре со помош на вакцина, објаснува Којиќ.

На луѓето им значи дружбата во кафеана или ресторани

-Сакам да напоменам дека голем дел од родителите ретко некоја настинка и температура ја поврзуваат со ковид, најчесто велат дека е настинка или вади запче детето, а во оваа ситуација во која дневно имаме по 500 заразени и тоа може да биде потенцијално позитвно и апсолтуно апелирам до родителите децата да се тестираат, а педијатрите да се штитат добро затоа што во овој бран ние ќе бидеме најизложени на заразата бидејќи ние ќе бидеме во контакт со популацијата која не е вакцинирана, вели докторката.

Таа напоменува дека со самиот физкален преглед е невозможно да се утврди дали има ковид симптоми затоа пациентите треба да се испраќаат на тестирање.

-Истата ситуација ја имавме кај децата и со алфа варијантата бидејќи кај нив е потешко да се открие што е е што.Специфична група се и сега не пости метода без тестирање да се утврди дали е ковид позитивно детето или не е, смета Којиќ.

Во однос на новите мерки каде ќе биде потребно да се приложи сертификат за примена барем една доза вакцина за да може да се оди во кафеана или настан со над 30 гости, докторката вели дека се надева дека ќе даде резултат во однос на тоа што повеќе луѓе да се вакцинираат.

– Како што гледаме овие денови мерката дава резултати значи на нашите луѓе многу им значи ваков тип на социјализација, им значи престој во кафеана или ресторани, да го знаевем ова порано ќе имавме поголем број вакцинирани.Вакцинацијата пред крајот на јули беше замрена, опадна интересто и со самото затворање на салата “Борис Трајковски” луѓето се насочија кон малите пункотви што навистина ме радува значи дека се подигнала свеста.Па и ако за зголемениот интерес е причината кафаната нека биде, таа дава ефект за да имаме што повеќе вакцинирани лица, помалку хоспитализации и помлаку нови случаи, вели таа.

Од министерството за здравство во изјава за „Локално“ информираат дека во моментов заинтересираноста за вакцинација помеѓу сите полнолетни лица е значително зголемена.

– На сите пунктови низ државата се вакцнираат граѓани кои припаѓаат на различни возрасни групи меѓу кои има и млади лица. Засега не се размислува за било какви награди кои ќе придонесат до стимулација за зголемување на заинтересираноста бидејќи секако во моментов се бележи значителен пораст. Доколку во иднина се донесат нови дополнителни мерки, јавноста ќе биде навремено известена, велат од МЗ.

Б.М.

Слични содржини