Дрога, алкохол и 50 голи Французи: Прекината нова корона-журка во Белгија

од Nikola Popovski

Белгиската полиција прекинала забава чии учесници ги прекршиле мерките против ширење на коронавирусот и на лице место пронашла дрога, алкохол и 50 голи гости, вклучително и проститутки.

Забавата со оргии одржана во викендица спроти болница каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, е само последната во низата собири во Белгија што полицијата мораше да ги прекине.

Куќата во која се одржувала забавата ја изнајмила една Французинка која го прославила својот 28-ми роденден. Полицијата била испратена во селото Сент Мард по поплаки за бучава од соседите.

Полицијата веруваше дека таму ќе има околу 20 лица, но кога влегоа во куќата, внатре пронашле повеќе од 50 гости. Еден од учесниците е обвинет за поседување азотен оксид (гас за смеење) и други лекови, пренесува британски „Сан“.

Гостите, од кои претежно сите биле Французи, дале 230 фунти (околу 250 евра) за забавата да ги покријат трошоците за алкохол, дрога и проститутки, а исто така морале да ја платат истата сума за кршењето на правилата за „локдаун“ во Белгија.

Сопственичката на куќата тврди дека не знаела што се случува во неа бидејќи таа ја изнајмила на организаторот на забавата преку трето лице.

Ова се случи само неколку недели откако унгарскиот европратеник Јозеф Сајер беше фатен на геј-оргија во Брисел, што исто така беше прекината од полицијата поради кршење на антипандемиските мерки.

Во Белгија, една од најтешко погодените европски земји кога станува збор за стапката на смртност, собирите се ограничени на четири лица.

Слични содржини