ДСЗИ влезе на Гинекологија после обидот за самоубиство на 39-годишната родилка

од Nikola Popovski

Ресорот здравство денеска соопшти дека во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) откако родилка после породувањето се фрли од првиот кат на зградата.

Потенцираат дека денеска Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. Додаваат дека по изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана.

Слични содржини