ДУИ: Го осудуваме дипломатскиот скандал кон Османи, албанските вазали без легитимитет се неспособни

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Демократската унија за интеграција најостро го осудува скандалозниот дипломатски инцидент на скопскиот аеродром против претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи. Ваквиот однос на државата кон секој граѓанин, а особено кон највисоките претставници на државата, а во овој случај нашите сестри и браќа од Косово, е неприфатлив и мора да биде најстрого казнет, реагираат од опозициската партија на вчерашните случувања на скопскиот аеродром.

„Скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието Африм Гаши во инцидентот, и продлабочувањето на истиот, без никаква надлежност, без да биде повикан и без право, а тоа гласно говори за мизерната и вазална позиција на нелегитимната албанска застапеност во моноетничката влада.

Поразените на претседателските и парламентарните избори ја прифатија улогата на потчинети и сервилни, само за самите да бидат на власт, оставајќи ја судбината на Албанците во земјава и во регионот на милост и немилост на ВМРО ДПМНЕ.

Недостигот на легитимитет, но и на знаење и храброст, ве тера да се срамите пред своите граѓаните и пред вашите браќа и сестри во Косово и Албанија, но и пред Вашингтон и Брисел.

Негирањето на инцидентот од страна на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, незаконската и анархична вмешаност на личното обезбедување на Гаши што предизвика уште поголем инцидент, не смеат да поминат без политичка одговорност заедно со законската одговорност на сите инволвирани во овој дипломатски скандал“, порачаа од партијата на Ахмети.

Слични содржини