ДУИ: Меџити го призна уништувањето на Чаир со незаконска легализација на над 30 објекти

од Nikola Popovski

Демократската унија за интеграција ја изразува својата огорченост од, како што велат, масовната злоупотреба на довербата на граѓаните од дуото Изет Меџити и Висар Ганиу кои, според партијата на Али Ахмети, јавно признаа дека се одговорни за вековниот криминал со легализацијата на над 30 згради за колективно домување во општина Чаир.

-Меџити се обидува да го камуфлира фактот дека сам одлучил, а не според законот, кој објект да се легализира, а кој не, со тоа што вината на апсурден начин ја префрла на граѓаните на Чаир, дури и за индивидуални станбени објекти. Изет Меџити пред целата јавност со своја уста призна дека одлуките за легализација на објекти ги носел тој како градоначалник на општината и со политичко-коруптивни тенденции, а не во строга форма како што е предвидено со законските одредби, велат од ДУИ.

Партијата од Мала Речица повторно го праша Меџити зошто „ако знаел дека прави тежок законски прекршок, решил да ги потпише актите за легализација на објектите што ги споменува заедно со над 30 колективни згради за домување изградени по 2011 година и не ги презел потребните законски дејствија за нивно уривање“.

-Она што медиумите веќе го објавија, Изет Меџити конечно призна дека сам одлучувал за легализација на објекти без дозвола, а не според закон! Органите на правдата по ова бесрамно прифаќање на одговорноста мора да дејствуваат без никакво одлагање. Демократската унија за интеграција посочува дека никој не треба да биде над законот и дека назначените носители на јавни функции се апсолутно одговорни за неговото спроведување и во никој случај вината за неспроведувањето на законите не треба да се префрла на граѓаните, стои во партиското соопштение.

Поранешниот висок функционер од ДУИ во гостување на дебатна емисија кажа дека додека бил градоначалник на скопската општина ја легализирал куќата на актуелниот министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, оти била изградена на диво. Тој обелодени дека на многу функционери на ДУИ, како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

-Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови во Чаир. Речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, додаде пратеникот.

Слични содржини