Дујовски: Историјата колку помалку ја ставаме во денешен контекст толку ќе бидеме посупешни како држава

од Берта Китинска

Професорот Никола Дујевски во „Студио 10“ за преговорите со Бугарите смета дека историјата е таа што не кочи и поради тоа таа треба да се стави на последно место.

-Резултатот треба да биде со преговор за членство во ЕУ, друго ништо не треба да не интересира. Период од 6 месеци е доволен, ако не се направи за тоа време ентузијазмот ќе се намали и кај Петков и кај Ковачевски. Шест месеци е доволен простор за да видиме дали ќе има успех или ќе биде прашање кое ќе не мачи со децении. Луѓето кои што немаат што да прават се занимаваат со минатото. Луѓето кои живеат во сиромаштија се поклонуваат пред хероите пред 400 години. Луѓето кои се наосчени кон развој, интеграција, европски вредности ќе најдат начин повеќе да се поврземе. Ова е голем влог за Владата на СДСМ. Тие сакаат да помогнат државата да ги започне преговорите. Историјата е важна, но колку помалку ја ставаме во денешен контекст толку ќе бидеме посупешни како држава, вели Дујовски.

Слични содржини