Дурент казнет со 25.000 долари

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, беше казнет со 25.000 долари од НБА поради употреба на непристојни зборови кон навивач претходно оваа недела.

Инцидентот се случи при поразот на домашен терен на Бруклин од Далас Маверикс со 111:113. Дурент на натпреварот заврши со 23 поени, 10 скока и 6 асистенции. 33-годишниот кошаркар има просек од 29,4 поени, 7,2 скока и 6 асистенции во 44 натпревари со Нетси од почетокот на сезоната во НБА.

Тој синоќа во победата на Бруклин над Портланд со 128-123 постигна 38 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Слични содржини