Двајца мртви, тројца повредени во нападот во германска психијатриска болница

од Берта Китинска

Две лица загинаа, а други три се повредени во напад во психијатриска болница во градот Линебург, соопшти германската полиција.

Осомничен е млад човек (21) кој бил примен во болницата претходниот ден, и кој, како што се сомнева, нападнал двајца постари пациенти во текот на ноќта и ги убил. Тој повреди и две медицински сестри, од кои едната потешко и еден полицаец.

Полицијата во Линебург соопшти дека мажот е уапсен.

Слични содржини