Две тепачки во Гостивар и гостиварско

од Milan1

Вчера во 16:20 часот во ПС Гостивар З.Ф. (29) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 16:10 часот во Гостивар бил физички нападнат од А.И., М.И., А.С. и Ј.М.

Исто така вчера во 21 часот во ПС Гостивар С.Х. (39) од село Горна Бањица гостиварско пријавил дека околу 19 во селото откако се сретнал со М.Д (37) од истото село, а поради претходна вербална расправија меѓу нивните малолетни деца, истиот физички го нападнал пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Слични содржини