Двете ТАЈНИ КЛАУЗУЛИ во договорот на Гризман

од Vladimir Zorba

НАЈЧИТАНОТО шпанско спортско издание „Марка“ ги откри деталите за двегодишната позајмица на Антоан Гризман од Барселона во Атлетико.

Гризман на „Камп Ноу“ не беше ни сенка на играчот од Атлетико, а Барса дојде до работ на банкрот и започна експресно чистење на тимот. Пред се играчите со највисоки плати.

Како дел од таа чистка, Гризман беше вратен во Атлетико последната вечер од преодниот рок. Барселона од деталите за договорот објави само дека Атлетико ќе ја покрие платата на Гризман во следните две сезони и дека тие имаат право на откуп.

Марка дава непознати детали: „Атлетико има обврска да го купи Гризман за 40 милиони евра кога ќе заврши двегодишната позајмица. Меѓутоа, ова купување ќе стане задолжително само доколку Гризман одигра одреден број натпревари за време на позајмицата. Затоа, првата клаузула се однесува на обврската за откуп, а втората на желбата за откуп. Според неа, Атлетико може да го купи Гризман кога сака за време на позајмицата за непозната сума“.

Барселона го донесе Лук де Јонг од Севилја како замена за Гризман. Тој дојде на едногодишна позајмица со опција за откуп. Севиља ќе му дава дел од платата додека е на позајмица.

Слични содржини