Еврокомесарот доаѓа во инспекција на реформскиот и пржинскиот учинок, а партиите ќе го правдаат недостигот од резултати со меѓусебни дискредитации. Груевски нема да се повлече од функцијата пред посетата на Хан,пишува DW

gujo

Аферата „Фалсификувани лични карти“, врските на дел од раководството на СДСМ со осомничените за фалсификувањето, како и безбедносни детали од тој случај, ќе бидат спакувани во празничното „пакетче“ со кое ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, ќе го дочека еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој за неколку дена ќе допатува во Македонија. И во штабот на опонентите не седат со скрстени раце. Во нивното пакетче секој ден се дотураат докази за новоткриени лажни лични карти на лица од Пустец, кои во групи од 20 до 30 се воделе на адреси на станови во државна сопственост. Секоја партија со свој арсенал ќе се обиде да ги аргументира одговорите на прашањата што ќе им ги постави еврокомесарот, кој доаѓа да направи увид во спроведувањето на Договорот од Пржино, но и на итните реформски приоритети што ги препорача Европската Комисија.

Груевски чека гаранции

Портпаролката на ЕК, Кетрин Реј, потврди дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари.

„Но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата“, истакна Реј.

Проценката ќе се прави деновиве. На 11 јануари во Скопје ќе допатуваат тројцата европратеници кои беа први посредници во разговорите меѓу македонската лидерска четворка. До вчера не беше прецизирано дали европратеничката тројка – Едуард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе биде претходница на комесарот, за да може изворно да го информира за кондицијата на Договорот, или сепак сите ќе дојдат во ист термин. Она што е сигурно, е дека еврокомесарот треба да дојде пред крајниот рок, 15 јануари, до кој, според Договорот треба да биде инаугурирана новата влада.

„На чело на новата влада ќе биде новиот премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада ќе има мандат до предвремените парламентарни избори“, се вели во Договорот од 15 јули.

Извесно е дека Груевски нема да се повлече од функцијата пред посетата на Хан, односно пред да добие цврсти гаранции дека изборите ќе се одржат во договорениот термин – 24 април. Резервен датум за избори кој фигурира кај бриселските дипломати, неофицијално е 26 јуни, но досега официјално не е отворено прашањето за одложување или за целосно откажување на изборите. Поради тоа, се смета дека Груевски нема да се повлече од функцијата додека во преговарачкиот состав не се расчистат дилемите дали се исполнети условите за регуларни избори. Можеби и тоа е причината што десет дена пред рокот за именување на новата влада, Груевски не открива кој ќе биде неговиот наследник. По тоа прашање се вртат контроверзни информации. Едни тврдат дека имало жестоки дикусии околу изборот на технички премиер, според други, тоа воопшто не се смета за тешко прашање.

Според извори од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа се одржала седница на Извршниот Комитет на партијата, но воопшто не станало збор за ова прашање.

Кој ќе го менува Груевски- Министерот Никола Попоски крева раце?

„Кога ќе дојде време, партијата брзо ќе донесе одлука. Не се работи за некаков компликуван избор, бидејќи тоа ќе биде премиер со техничка функција“, велат партиски избори. Од партијата тврдат дека тие се заинтересирани да се одржат избори на 24 април, но дел од изворите велат дека „има причини поради кои не се сосема уверени во тоа“.

 

повеќе тука

Слични содржини