ДЗР се сомнева во вистинитото и објективно прикажување на финансиската состојба на Агенцијата за вработување

од Vladimir Zorba

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на сметката основен буџет за 2020 година.

„За финансиските извештаи за 2020 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“, велат од ДЗР.

Извршена е ревизија на дел од елементите на финансиските извештаи кои се состојат од елементи на биланс на состојба на ден 31 декември 2018 година и елементите од билансот на приходи и расходи, при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за вистинитоста и објективноста на дел од елементите од финансиските извештаи, како и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија на резултатите од спроведувањето на препораките од Конечниот извештај на Агенцијата за 2018 година за сметката основен буџет, при што е констатирано дека во најголем дел препораките се делумно спроведени или во тек е постапување по истите.

Целиот извештај на следниот ЛИНК!

Слични содржини