ЕБУ: Идентификувани неправилни шеми на гласање на Евровизија

од Vladimir Zorba

Партнерот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, рече дека резултатите на шест земји идентификувале „одредени неправилни шеми на гласање“.

Иако во изјавата не е експлицитно наведено што се „неправилни шеми на гласање“, таа не може да се однесува на ништо друго освен на моделот на гласање на соседните земји или европските „блокови“ – како скандинавските земји – традиционалните 12 поени што ги разменуваат Грција и Кипар, но и поените што си ги даваат земјите од поранешна Југославија.

„Со цел да се усогласи со Насоките за гласање за натпреварување, ЕБУ работеше со својот партнер во гласањето за да пресмета заменски кумулативен резултат за секоја земја во прашање и за второто полуфинале и за големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи).“, стои во соопштението.

Процесот беше препознаен од Независниот мониторинг на гласање, се наведува.

„ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето. “, се заклучува во соопштението на организаторите на Евровизија.

Тоа би можело да значи дека српската претставничка Констракта би можела да ги изгуби единствените 12 поени што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството – Хрватска и Црна Гора. Жирито на Северна Македонија синоќа и додели 10 поени на Констракта. Нашиот северен сосед синоќешното натпреварување го заврши на петтото место, додека земја-победник беше Украина.

До 2008 година постоеше редовен систем на гласање според кој победникот на „Евровизија“ се одлучуваше исклучиво според гласовите на публиката од сите земји учеснички.

Токму затоа во 2009 година е воспоставен системот, според кој победникот на „Евровизија“ се одлучува со гласовите на публиката и стручното жири и во еднакви размери. Според новите правила, секоја земја учесничка има по пет члена во стручното жири, а секој од нив мора да биде државјанин на државата во чие жири е, а се претпоставува дека е истакнат во областа на радиото, телевизијата, музичка продукција или компонирање. Дополнително, членовите на жирито не смеат да имаат никакви лични врски со учесниците на натпреварот.

И додека гласовите на жирито се освојуваат еден по еден за секоја земја, гласовите на публиката се добиваат за сите земји одеднаш, што всушност може драстично да ги подигне земјите кои поминале полошо со гласовите на жирито, и обратно.

Во 2019 година, презентацијата на гласовите малку се промени. Објавувањето на резултатите од гласањето по телефон започнува со земјата која добила најмалку поени од жирито, а завршува со земјата која добила најмногу поени од жирито.

Слични содржини