Еден од најмладите милијардери се жени – шест месеци по неговиот развод

од Stefanija Kuzmanovska

Леонардо Марија Дел Векио е познати наследник на империја за оптика, која поседува некои од најважните брендови на очила во моментот, на пример Ray Ban, Sunglass Hut, Oliver Peoples. Покрај тоа, семејната компанија Luxottica Group SpA произведува и очила за дизајнерски брендови како Chanel, Prada и Versace. Освен што е милијардер, Дел Векио е и голем заводник на чиј шарм падна и Џесика Серфати, убавица која се прослави со учеството во шоуто „Топ модел“.

Маркантниот Италијанец и атрактивна Американка сега се свршија. Многумина беа изненадени од тоа колку брзо се одвиваа работите, а извор близок до парот тврди за Page Six: „Тие се посреќни од кога било и толку заљубени еден во друг“.

Имено, Дел Векио претходно беше во брак со Ана Кастелини, русокоса убавица која гради кариера во манекенството. Нивната венчавка во јуни 2022 година беше опишана како исклучително гламурозна, но сиот тој гламур не беше доволен за брачна среќа, па раскинаа шест месеци подоцна.

Богатиот наследник сега се вљубил „до петици“ во убавата Џесика. На нивната љубовна врска и претходеше пријателство откако се запознаа во Кан во 2017 година. Тие повторно се поврзаа откако им завршија другите врски, а љубовта се случи многу брзо.

На Инстаграм нивната врска не е баш добро прифатена, а многумина ја обвинуваат Серфати дека премногу често ги менува момците кои ги наоѓа по истиот принцип – сите се богати.

Убавата Џесика долго време беше во врска со Ед Вествик, кој многумина го паметат по улогата на Чак Бас во „Gossip Girl“. Таа, исто така, беше свршена со извршниот директор на Firefly, Каан Гунај во 2019 година, се забавуваше со Јутјуберот Логан Пол, а претходно беше поврзана со ѕвездата на One Direction, Ниал Хоран.

Покрај тоа, таа често на Инстаграм споделува фотографии од својот син, за кого вели дека е нејзината најголема љубов, иако некои извори тврдат дека го гледа само шест недели годишно.

Слични содржини