Еден од најпознатите магнати во Силиконската долина тајно работи како доушник на ФБИ

од Vladimir Zorba

Питер Тиел, еден од најпознатите инвеститори од Силиконската долина, близок соработник на Доналд Трамп и инвеститор во бројни големи компании, тајно работи како доушник на американското ФБИ.

Ова го откри порталот Business Insider, кој тврди дека постојат повеќе извори за оваа информација. Питер Тиел, инаку познат по своите слободарски и десничарски ставови, станал информатор во летото 2021 година.

Тогаш, пишува Инсајдер, бил регрутиран од агентот Џонатан Бума од Лос Анџелес. Питер Тиел финансиски поддржа бројни кандидати за алтернативна десница, а во 2016 година донираше 1,25 милиони долари на Трамп. Тиел е германски државјанин, а има и новозеландски пасош, пишува Инсајдер.

Се верува дека Тиел известувал за важни информации од Силиконската долина до ФБИ, фокусирајќи се на обидите на странски влади и корпорации да се инфилтрираат во американската технолошка индустрија.

Тиел е познат по голем број контроверзни позиции, како онаа каде што повеќе не верува дека слободата и демократијата се компатибилни термини.

Со текот на годините, тој поддржуваше голем број слободарски иницијативи, но неодамна се усогласи со националистичките и конзервативните политичари. Тој најави дека нема да донира за политичките кандидати во 2024 година.

Слични содржини